Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Крстарења

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    КРСТАРЕЊЕ ЊУЈОРК - МАЈАМИ - КАРИБИ / 18 Април 2020

    €2480,00
    MSC Seaside е брод направен за MSC Cruise. Тој е прв од последната генерација на Seaside класата на бродови и најголемиот брод констриуиран од страна на неговиот производител, Fincantieri од Италија. Започнал со пловење во Декември 2017 година На овој брод може да уживате во прекрасен океански поглед додека јадете. На него ќе најдете 10 превкусни места за јадење, меѓу кои 5 специјализирани ресторани. Исто така имате избор од 19 паметни барови и Lounge барови, секој со своја уникатна атмосфера. Msc Seaside нуди забава за целото семејство, со целосна куглана, специјализиран ресторан за семејства, како и најинтерактивниот, повеќе нивовски воден парк на море со 5 различни тобогани. Исто така на бродот се наоѓаат игротеки за деца креирани во партнерство со Lego и Chicco. Сместувањето на MSC Seaside нуди прекрасен микс на комфорт и стил, вклучувајќи и луксузни со лични џакузија и специјално дизајнирани комбинирачки кабини за фамилии и групи до 10 луѓе.

    КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН 04 ОКТОМВРИ 2019 – ГРУПНО ПОАЃАЊЕ СО ВОДИЧ ОД СКОПЈЕ

    €550,00
    MSC Fantasia е италијански брод направен за MSC Cruise. Спаѓа под класата на бродови “Fantasia”. MSC Fantasia започнала со пловидба во декември 2008ма година, а истиот месец на 17ти била крстена од Софија Лорен. Во јадрото на овој брод ќе најдете вистиски камен пазар со бар кој служи оригинално италијанско еспресо заедно со свежо испечени пецива, како и ителијански gelati сладолед. На неа исто така ќе пронајдете различни барови, како спортски бар, пијано бар, џез бар како и други места каде можете да проследувате спортски случувања и други модерни настани. Уште, може да пронајдете и различни спортски игралишта, за тенис, кошарка, мини голф, трака за трчање и теретана, како и прекрасен забавен воден парк и Формула 1 симулатор. Една од најспектакуларните работи кои ги нуди MSC Fantasia е вчудоневидувачкиот Клуб на Јахти, уникатен брод во брод кој има свој рецепционери, 24 часа бармени, приватно лоби и своја палуба во стил на оаза. Освен тоа на бродот можете да пробате и пиете најразлични прекрасни коктели од кои некои се служат само на него.